ЦУК: Изминатото деноноќие 2 050 повици на 112 

Изминатото деноноќие во Центарот за управување со кризи имало вкупно 2 050 повици на Единствениот број за итни случаи 112 .

Од нив „реални“ повици биле 36,73 отсто, а 63,27 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Согласно генералната природа на настаните кон полиција биле упатени 56,83 отсто, кон итната медицинска помош 32,37 отсто, а кон пожарникарите 4,68 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

-Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 6,12 отсто од реалните.

Тие повици, заедно со другите (неитни повици) 36,73 проценти,  вкупно заедно 1 314, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112, во содејство со Секторот за операции и координација, секако со стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи (СУК), се наведува во соопштението.

Центарот за управување со кризи апелира за време на продолжениот празничен викенд да не се палат стрништа и остататоци од земјоделски култури на нивите.

Да не се палат пластични и гумирани работи, отпадоци и депонии на отворено, особено во овој период кога има, како што наведуваат, загаден воздух во Скопје и во други градови во нашата држава.

Од ЦУК информираат дека се уште има пожари на отворено.  -Пожарникарите, во последното деноноќие, од Битола и Скопје, интервенирале на најмалку четири такви пожари.

Вчера во период од 15:40 до 18:50 часот, тим од три пожарникари со едно противпожарни возила интервенирале на запалена ниска вегетација на ул. „Македониум“ во месноста „Деми Камен“ во Општина Крушево.

Во Скопско пожарникарите во изминатото деноноќие имале три помали интервенции поради запалени ѓубришта, отпадоци и амбалажа, се наведува во соопштението. 

Треба да знаете
Последни објави