Ристески: Ниту еден советник на СДСМ не ја напуштил коалициската советничка група во Аеродром

Координаторот на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на општина Аеродром, Милутин Ристески, ги демантира написите на одредени медиуми, дека советници од СДСМ ја напуштиле советничката група.

„Невистинити наслови на полувистинити вести на „куририте на ДПМНЕ“. Ова е вистината и лесно проверлива е. Кој не сака да лаже и манипулира, лесно може да ги увиди и прецизно да ги пренесе следните факти: 1. Ниту еден советник од СДСМ не ја напуштил советничката група на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, од почетокот на манадатот, конкретно од 1ви Ноември 2021 до денес! 2. Советничката група на коалицијата предводена од СДСМ минатата година ја напушти советникот од Десница (поранешна ПЕП21) и годинава советничката од Демократски сојуз. И ова не е ништо ново. 3. Тоа што е ново е што денес Демокатски сојуз во Аеродром за прв пат го поддржа Буџетот на Општина Аеродром за наредната година, предложен од градоначалникот и мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ. Односно за прв пат денес ДС во Аеродром гласаше со ВМРО-ДПМНЕ“ напиша Ристески на социјалните мрежи.

Според него, ваквите написи на одредени медиуми, придонесуваат за тонење на вистината и објективното известување.

„Така што драги мои, никакви функционери на СДСМ во Аеродром не напуштиле никаков брод што тоне. Во Македонија тоне само вистината и објективното новинарско известување. И ако помисливте дека сме го допреле дното, се лажете. Ако ДПМНЕ стане власт во Македонија (нека е и Северна), допрва ќе се изнаслушаме и изначитаме лаги во медиумите. Впрочем, некои од нас никогаш нема да заборават како се известуваше од 2006 до 2016, а во мнозинството од медиумите Бога ми и до денес. Колку е кратко памтењето на гласачкото тело во Македонија ќе дознаеме за некој месец“ вели Ристески.

Треба да знаете
Последни објави