Железничкиот товарен превоз зголемен за 36,9 проценти на квартално ниво

Во товарниот патен превоз во првиот квартал годинава во споредба со првиот квартал лани количеството на превезена стока е намалено за четири проценти, во железничкиот превоз е зголемено за 2,8  проценти, а во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 4,2  процента, објави Државниот завод за статистика.

Во однос на последниот квартал од минатата година количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 3,8  проценти, во железничкиот е зголемено за 36,9 проценти, а во воздухопловниот има намалување за 18,5 проценти.

Во првиот квартал годинава споредено со истиот квартал лани во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е намален за 26,7 проценти, во градско-приградскиот превоз е зголемен за 1,6 проценти, а во железничкиот превоз е намален за 1,5  проценти. Зголемен број на превезени патници за 7,7 проценти има во воздухопловниот превоз.

Во однос на четвртото тримесечје од минатата година, бројот на превезените патници во патниот патнички превоз е намален за 27,6 проценти, во градско-приградскиот превоз е намален за 5,6  проценти, во железничкиот за 5,1  процент, а во воздухопловниот за 7,6  проценти.

Треба да знаете
Последни објави