Со скопската новогодиша елка се подбиваат шега и медиумите во соседството

Скопската новогодиша елка е мета за подбивање шега. Во новогодишните приказни ја сместија и медиумите во соседството. Тие пренесуваат коментари од граѓаните на Скопје кои се објавуваат по социјалните мрежи дека не се задоволни со елката поставена на плоштадот „Македонија“. Новогодишната елка во Скопје им послужува како репер на медиумите во текстовите за да ги утешат нивните граѓани дека има и полошо издание од китењето во нивните градови !

Скопската елка стана позната токму поради тоа што изгледа грдо и недовршено. Впечаток е дека не е ни целосно украсена, а згора на сè е и искривена“, пишува српска Нова.

Се поставува прашањето дали можеби снемало украси да биде целосно накитена !?

Поради ваквиот изглед направена е приказна во која е вклучена и елката од Битола, за која велат дека е „другата половина на елката од Скопје“. Ако скопската елка е накитена до половина, битолската е украсена од половината нагоре.

Треба да знаете
Последни објави