Еве зошто не е добро да се пие кафе на празен стомак

Кафето испиено на празен стомак може да доведе до непријатно чувство на болка.

Многу луѓе имаат рутина да пијат кафе наутро, пред појадок, на празен стомак. Сепак, иако тоа може да ви се допадне во тоа време, експертите истакнуваат дека тоа сепак не е добра идеја.

Нутриционистите велат дека во шолја црно кафе има различна количина на кофеин, во зависност од видот на кафето. На пример, турското кафе содржи 165 мг кофеин, додека препорачаната дневна потреба е до 300 мг кофеин.

Ако се пие кафе на празен стомак, тогаш доаѓа до зголемено лачење на желудечниот сок.

Тој гастричен сок делува на слузокожата и предизвикува непријатно чувство на болка. Оваа болка е поизразена кај лицата со гастритис и улкусна болест.

За да ја избегнете оваа непријатност и веднаш да уживате со вашиот омилен пијалок, се препорачува следното:

-Прво вода, па појадок, па кафе, велат нутриционистите.

Треба да знаете
Последни објави