Таравари: СДСМ да ги собере сите проевропски македонски партии и да си направи кампања, ВМРО-ДПМНЕ и Левица го поларизираат општеството

„Членството на Алијанса за Албанците е најопозициското и антиДУИ членство. Опозициските албански партии коишто се сега, сите се деривати на ДУИ. Меѓутоа, ако ги анализирате сите три партии, понекогаш биле членови или функционери на ДУИ на високи позиции“, рече претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека 70 отсто од членството на АА, 21 година се борело со ДУИ за да дојде до смена во албанскиот блок и АА да донесе промени.

„Меѓутоа, ние не влеговме во Власт адхок, ги поминавме сите ограноци на Алијанса и објаснивме што е целта, кои се препораките до нас, што сакаме да постигнеме и на крај организиравме политичка партија на внатрешен референдум во партијата“, потенцираше Таравари.

Тој додаде дека тогаш тој имал дилеми дали да се влезе во влада, но членството сакало да влезе во владата.

„Затоа постојат претседатели на партии, некогаш може да згрешат, меѓутоа и да сносат одговорност, меѓутоа повеќе да мислиме за нашите деца и државата отколку за самите себе и нашите кадри“, истакна Таравари.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица го поларизираат општеството со нивните радикални ставови. ВМРО декларативно кажува дека е за европска Македонија, дека биле првите кои го промовирале тоа во деведесеттите, меѓутоа практично на терен не остава таков впечаток. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде пречка за понатамошно вклучување на Македонија во ЕУ“, смета Таравари.

Тој смета дека ако одат со СДСМ во коалиција и ДУИ и другите албански партии можат само да и штетат на СДСМ.

„СДСМ треба да ги собере сите проевропски македонски партии и да си направи кампања. Ние албанските партии треба да смислиме опција како помалку блокови да имаме или една заедничка што е невозможна мисија, најмногу два. Алијанса е одлучувачки фактор во моментот. Ако оди Алијанса со ДУИ најверојатно ќе има 4/5 од вкупниот број на албански пратеници. Ако оди со опозицијата ќе има над половина, ќе се случи промена во албанскиот блок и за првпат се победи ДУИ. Ако оди АА сама, со одредени помали албански партии тогаш ДУИ повторно ќе победи и тогаш ќе имаме три блока што не е добро“, заклучи претседателот на АА.

Треба да знаете
Последни објави