За пет часа евидентирани 111 непрописни претекнувања на патиштата во Македонија

Во текот на вчерашниот ден (17.12.2023) во периодот од 10.00 до 15.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 111 возачи. Од нив, 40 на територијата на СВР Тетово, 21 на територија на СВР Битола, 19 на територија на СВР Охрид… За време на контролата санкционирани се и 222 други видови на прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Треба да знаете
Последни објави