Skip to main content
Македонија

По над 10 години недостапност Хеди Рамковски е екстрадиран и се наоѓа во затворот Шутка

16/12/2024  09:54

Откако повеќе од 10 години беше бегство, во јули оваа година во Македонија екстрадиран е Хеди Рамковски, синот на Велија Рамковски сопственик на поранешната телевизија А1.

Информацијата која се чувала во тајност, дека синот на Рамковски се наоѓа во Шутка беше објавена на социјалните мрежи, но ја потврдија и институциите.

Тој е обвинет за злосторничко здружување и перење пари во случајот „Пајажина“.

Хеди Рамковски избега од државата веднаш откако се отвори истрагата за случајот „Пајажина“ кој почна во 2011 година и беше завршен во 2012 година.

Рамковски во тој процес  беше осуден на 7 години затвор во отсуство, но сега има право на повторување на судскиот процес и докажување на невиноста.