(Видео) Навивачите на Легија запалиле полицаец во Бирмингем

Во Бирмингем каде синоќа полската Легија играше против домашниот тим на Астон Вила во рамките од групната фаза во Конференциската лига, дошло до инцидент кој го предизвикале гостинските навивачи. На паркингот во близина на стадиониот „Вила Парк“ дошло до тежок судир меѓу полските навивачи и полицијата, а Сан тврди дека во хаос кој настанал бил запален британски полицаец. Тој е префрлен в болница со изгореници, а во нередите се повредени вкупно четворица полицајци, два полициски коња и две кучиња. 

Во Бирмингем пристигнале околу 1.000 навивачи на Легија, но поради инцидентите на претходните натпревари во европските купови, не им бил дозволен влез на стадионот. Незадоволни што останале пред затворените варти на стадиониот почнале да фрлаат со шишиња и тврди предмети.

Треба да знаете
Последни објави