Дугари: Бескорисни се репрезентации како Македонија, Албанија, Црна Гора, Ерменија..!

Коментирајќи ја рекордната победа на фудбалската репрезентација на Франција против аутсајдерот Гибралтар (14:0), легендарниот играч на „триколорите“ Кристоф Дугари, се потсмева со повеќе селекции од Балканот, меѓу кои и Македонија.

Дугари кој со Франција ги освои Светското првенство во 1998 и Европското во 2000 година, а играше за екипите на Милан, Барселона, Марсеј и Бордо со кој гостуваше во Скопје на меч против Вардар, за одредени репрезентации од Балканот и пошироко смета дека се бескорисни и не треба да се гледаат:

„Ваков фудбалски резултат 14:0 е некоја шега? Рекорд е, ама смешен. Овие кикирики мечеви се бескорисни, не можам да ги гледам, а и ги заморуваат момците кои може да се повредат. Гледам само затоа што тоа ми е работа, но има многу тимови кои немаат ништо заедничко со квалификации за ЕП. Грузија, Естонија, Азербејџан, Црна Гора, Литванија, Словенија, Казахстан, Сан Марино, Молдавија, Албанија, Малта, Македонија, сите овие тимови се бескорисни. Косово, Андора, Ерменија, никогаш не треба да ги гледаме, евентуално за забава. Сакам да гледам мечеви со интензитет од почеток до крај“ – рече Дугари.

Дел од тие „бескорисни“ репрезентации кои Дугари кои ги спомна како Албанија и Словенија се пласираа на ЕП-2024. На завршниот турнир од ЕП-2024 во Германија ќе настапат 24 репрезентации. Главни фаворити за освојување на титулата да бидат: Франција, Шпанија, Германија, Англија, Италија, Хрватска..

Треба да знаете
Последни објави