Затишје на израелско-либанската граница откако стапи на сила примирјето во Газа

Во пограничното подрачје на јужен Либан изутринава има затишје откако стапи на сила договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

Либанската национална новинска агенција јави дека „напнато затишје има на јужната граница“.

Жител на областа Алма ал Шаб рече дека „има затишје“ и дека не слушнал „израелски авиони“, вклучително и извидувачки авиони кои претходно постојано летале над јужен Либан.

На затишјето му претходеше интензивирање на проиранските напади на Хезболах врз израелската армија, која го гранатираше јужен Либан.

Треба да знаете
Последни објави