„Јунајтед медиа“ во знак на протест нема да емитува политичко рекламирање во своите медиуми за време на изборна кампања во Србија

 Групацијата „Јунајтед медиа“ (United Media) ја информираше српската јавност дека е донесена одлука сите нејзини медиуми – Н1, Нова С и Данас да не објавуваат политичко рекламирање за време на претстојната изборна кампања во Србија.

– Во предизборниот период во Србија медиумите во рамките на „Јунајтед медиа“ ќе известуваат како и досега, професионално и со почитување на највисоките новинарски стандарди. Тие ќе останат посветени на изнесување за различни мислења, култура на дијалог и можност секоја партија учесничка на изборите да ја претстави својата програма и став, се наведува во соопштение.

Одлуката да не се емитува политички маркетинг е, како што се истакнува во соопштението, форма на протест на „Јунајтед медиа“ поради општата ситуација на српската медиумска сцена и заканите кон нејзините новинари и уредници кои секојдневно се цел на напади на функционери на владејачката коалиција и од прорежимски медиуми.

– Медиумите во рамките на „Јунајтед медиа“ не сакаат да прикажуваат предизборно рекламирање на претставници на владејачките партии во Србија. За да избегнеме потенцијални обвинувања за дискриминација во предизборната програма, нема да емитуваме политички маркетинг на ниту една политичка опција, се посочува во соопштението на медиумската групација. 

Треба да знаете
Последни објави