Ќе се работи на главната улица во село Возарци, оневозможено движењето од споредните улици 

Се работи на главната улица во село Возарци, оневозможено е движењето на автомобили од споредните улици, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

– Се известуваат жителите на село Возарци, дека поради градежни активности за реализација на проектот за изградба на атмосферска канализација, денес и утре ќе се работи на главната улица. Поради големината и длабочината на ровот, оневозможено е движењето на автомобили од споредните улици, се вели во известувањето. 

Од градоначалничкиот кабинет потсетија дека продолжуваат средбите на градоначалникот и претставници на локалната самоуправа со жителите од урбаните и руралните месни заедници. 

– Целта е да се согледаат секојдневните проблеми на заедничкото живеење, да се  расправа за можностите за нивно решавање и заеднички да се креираат идните активности за 2024 година, нагласија од кабинетот на Јанчев.

Треба да знаете
Последни објави