Ковачевски: Во 2016 имавме 16 мегавати, од 2022 до сега инсталирани се 450 мегавати на обновливи извори на енергија

„Ќе ви дадам една споредба, во 2016 година во нашата држава имаше инсталирано 16
мегавати, 16 мегавати на обновливи извори на енергија. Од првиот ден на Владата која јас ја
предводам, од јануари 2022 до денес има издадени 600 лиценци за централи за обновливи
извори на енергија, со што денес имаме на мрежа, од 17 јануари 2022 година до денес имаме
450 мегавати на обновливи извори на енергија“ рече премиерот Димитар Ковачевски во
неговото обраќање на отворањето на фотоволтаичната централа „ФЕЦ Новаци“.

Тој додаде дека до крајот на годината се очекува да бидат инсталирани и ставени на мрежа
600 мегавати обновливи извори на енергија, што е повеќе од капацитетот на цел РЕК Битола.

„Во моментот она што е најважно е дека инвестиции без без економска и политичка и без
безбедносна стабилност нема. Влегувањето во НАТО потврдува дека бројот и износот на
инвестиции во државата растат во сите индустрии осоебно во делот на енергијата. Затоа нам
ни е потребен мирен регион, стабилен, обединет којшто еден ден наскоро ќе стане дел од
европскиот пазар од 500 милиони жители. Тоа значи дека она што го правиме овде ќе биде
достапно на пазар од 500 милиони жители“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека се работи според план и долгорочно и дека после 30 години е избран
приватен инвеститор за изградба на најголемата пумпна хидроцентрала на Балканот, „Чебрен“
која има огромно значење за декарбонизацијата и праведната енергетска транзиција.

„Пумпно акумулационите централи имаат огромно значење за апсорбирање на огромниот
број на обновливи извори на енергија во нашите системи. Очекуваме уште неколку такви
електрани во нашиот регион меѓутоа најголемата ќе биде тука во Северна Македонија со една
од највисоките светски брани од 192 метри која ќе биде градена во наредните 7 години“ рече
Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави