Во Франција регистриран најмал број на новородени од Втората светска војна

Во Франција минатата година се родиле околу 762.000 деца помалку во споредба со 2021 година, што е најмал наталитет од Втората светска војна, соопшти француската Статистичка служба (ИНСЕЕ).

Бројот на новородени е за 2,2 отсто помалку во споредба со 2021 година и 12,8 проценти помалку во споредба со 2010 година.

Во споредба со 1971 година, кога повоениот наталитет го достигна својот врв, падот е 20,8 отсто. Постојаниот надолен тренд од 2011 година беше прекинат дури во 2021 година со благ пораст.

Анализирано по возрасна група, само жени постари од 40 години родиле повеќе деца отколку во претходната година.

ИНСЕЕ наведува дека падот на наталитетот во Франција е далеку под вкупниот пад на ниво на ЕУ, кој изнесува 4,9 проценти. 

Треба да знаете
Последни објави