Skip to main content
Спорт

Џејмс пропушти втор натпревар по ред за Лејкерс

14/12/2024  18:27

Леброн Џејмс го пропушти вториот натпревар по ред, а никој не знае за што точно се работи и кога повторно ќе се врати на теренот.

Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Џеј Џеј Редик накратко им изјави на новинарите по тренингот во средата дека Леброн не е на теренот поради „приватни проблеми“.

Тој не сакаше да навлегува во детали за што се работи, ниту да открие кога суперѕвездата повторно ќе се приклучи на тимот.

Џејмс го повреди стапалото на 4 декември на мечот против Мајами Хит, во кој неговиот тим претрпе тежок пораз од дури 41 разлика.

Два дена подоцна се дискутираше дали ќе игра против Атланта, но сепак се најде во тимот на Лејкерс.

Но тој ги пропушти следните два натпревари против Портланд и Минесота.

Останува да видиме за каков проблем станува збор и кога ќе се врати на терените.