Динамо Загреб одигра за „петка“ без Ристовски и Адеми против Астана на „Максимир“

Повеќекратниот хрватски фудбалски шампион Динамо Загреб во првото коло од групната фаза во Конфернециската лига на „Максимир“ беше убедлив против Астана (5:1). Во составот на хрватскиот шампион не беа македонските фудбалски интернационалци повратникот Аријан Адеми и Стефан Ристовски. По неодманешниот кам-бек од Кина, Адеми не е пријавен за настап на натпреварите во Конференциската лига, а Ристовски во средата пред тренинг се пожалил на болки во мускул поради што не настапи.

Динамо го скрши отпорот на гостите од Казахстан со головите од пенал на Петковиќ во 43 минута и 53 минута, за 3:0 се погрижи Булат (58`). За Астана единствениот гол беше дело на Ховханисјан (78`), а четвртиот гол на Динамо го постигна Марин (85`). Во листата на стрелците кај домаќините се запиша и Халиловиќ (90+3`).

За тимот од Казахстан целиот меч го одигра нашиот интернационалец Алекса Амановиќ.

ТСЦ од Бачка Топола чиј член е Мартин Мирчевски, на почетокот на второто полувреме поведе со 1:0 на гостувањето кај Вест Хем, но немаше сили за чудо и на крај англискиот тим победи со 3:1 во меч од Лига Европа. Мирчевски влезе во 92. минута.

Од другите мечеви од ЛЕ, вреди да се спомне ремито 3:3 на Ајакс и Марсеј, додека во другиот меч од нивната група, Брајтон прилично неочекувано загуби дома од атински АЕК со 2:3. Ренџерс со 1:0 го совлада Бетис.

Треба да знаете
Последни објави