Лукаку за победа на Рома, Ливерпул со пресврт до триумф во Австрија

Фаворитите во фудбалската Лига Европа имаа проблеми на почетокот од групната фаза, но на крајот од првите мечеви сепак ги освоија очекуваните три бода. Минатогодишниот финалист Рома стигна до триумф од 2:1 на гостувањето кај молдавскиот Шериф Тираспол благодарение на голот на Ромелу Лукаку, додека Ливерпул иако имаше негатива, на крајот напреви пресврт за победа од 3:1 на гости кај ЛАСК Линц во Австрија.

Леандро Паредес донесе водство за „волчицата“ во финишот на првото полувреме, но Шериф успеа да израмни преку Кристијан Товар во 57. минута, пред Лукаку во 65. минута да осигура победа за тимот на Жозе Мурињо.

ЛАСК поведе против Ливерпул во 15. минута преку Флоријан Флекер, а во второто полувреме, Ливерпул најави камбек со реализираниот пенал на Дарвин Нуњез во 56. минута. Пресвртото го најави Луис Дијаз во 63. минута, а Мохамед Салах во 88. минута стави точка на победата.

Во другите мечеви, Вилјареал загуби во Грција со 2:0 од Панатинаикос, а Баер Леверкузен со 4:0 го декласираше шведскиот Хакен.

Во поинтересните мечеви од Конференциската лигa, Легија Варшава стигна до импресивен 3:2 триумф над Астон вила, Зрињски со 4:3 го победи АЗ Алкмар, а Фиорентина одигра 2:2 со Генк.

ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО
ГРУПА Е
ЛАСК Линц – Ливерпул 1:3
Унион Сен-Жил – Тулуз 1:1
ГРУПА Ф
Панатинаикос – Вилјареал 2:0
Рен – Макаби Хаифа 3:0
ГРУПА Г
Сервет – Славија Прага 0:2
Шериф Тираспол – Рома 1:2
ГРУПА Х
Баер Леверкузен – Хакен 4:0
Карабаг – Молде 1:0

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА, 1.КОЛО
ГРУПА Е
Легија Варшава – Астон вила 2:1
Зрињски Мостар – АЗ Алкмар 3:3
ГРУПА Ф
Ференцварош – Чукарички 3:1
Генк – Фиорентина 2:2
ГРУПА Г
Ајнтрахт Франкфурт – Абердин 2:1
ХЈК Хелсинки – ПАОК 1:3
ГРУПА Х
Фенербахче – Нордсјеланд 3:1
Лудогорец – Спартак Трнава 4:0

Треба да знаете
Последни објави