Полицијата во Венецуела ја врати контролата врз затвор со кој управуваа криминалци

Властите во Венецуела ја вратија контролата над најпознатиот затвор во Венецуела, Токорон, кој беше целосно под контрола на криминалци.

Околу 11.000 полицајци и десетици оклопни возила беа распоредени за да ја вратат контролата врз затворот Токорон. Затворот сега е целосно испразнет, ​​а околу 2.500 затвореници се префрлени во други затвори.

Затворот беше контролиран од бандата Трен де Арагуа, која се рашири низ Венецуела и најмалку осум други земји од Латинска Америка.

Според истрагата спроведена од венецуелската новинарка Рона Рискез, која беше интервјуирана од АФП, до сега полицијата остануваше надвор, а управата на затворот беше во рацете на банда која изнудуваше затвореници, но нудеше необични услуги, со базен, зоолошка градина, обложување, сали и спортски терени.

Во соопштението за печатот, владата на Венецуела ја поздрави „успешната“ операција и „апсолутната контрола врз затворот Токорон“.

Полицијата упадна во затворот околу 7 часот, фрлајќи „гранати“ и пукајќи. Операцијата траела дваесетина минути, а официјалниот извештај засега не може да се добие.

Неколкумина од уапсените ја искористиле мешаницата за да избегаат, според полициски извор. Не се знае судбината на водачот на Трен де Арагва, Хектор Гереро Флорес, познат како „Нино Гереро“, кој служел 17-годишна затворска казна за убиство и трговија со дрога.

Бандата Трен де Арагуа, која наводно има околу 5.000 криминалци, се појавила во 2014 година и се занимава со „класичен“ мафијашки бизнис: киднапирање, грабеж, дрога, проституција, изнуда.

Истражувачкиот центар InSight Crime тврди дека групата е вклучена и во шверц на мигранти, а своето влијание го проширила и на други активности, некои легални, но и на перење злато и илегално рударење.

Треба да знаете
Последни објави