Skip to main content
Спорт

Михал Пинтер е нов фудбалер на Вардар

14/12/2024  13:33

Словачкиот интернационалец Михал Пинтер (30) официјално е нов играч на фудбалскиот клуб Вардар.

Пинтер настапува на централната дефанзивна позиција и доаѓа од екипата на Шкупи каде има одиграно 42 натпревари во Првата македонска лига.

Претходно ги бранеше и боите на Татран и Вион Злате Моравце, а беше дел од сите младински селекции на репрезентацијата на Словачка.

Оваа сезона скопските „црвено-црни“ ќе имаат за цел да обезбедат опстанок во прволигашката елита.

Моментно после есенскиот дел во шампионатот се наоѓаат на претпоследната 11 позиција со 13 бодови.