(Фото) Младите ги знаат своите права и обврски во секојдневниот живот

Во текот на доцните вечерни часови, синоќа во Градскиот Парк се реализира традиционалната 10. обиколка на средношколците од страна на делегација составена од градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, родители, директори на училиштата и припадници на единицата за превенција при СВР Скопје. Иницијатор на оваа акција која се реализира во летниот период кога учениците се на распуст, е општина Центар. Целта на акцијата е одблизу сите да видат како се однесуваат младите кога се подалеку од домовите, училиштата…

Родителите дојдоа одблизу да видат што прават нивните деца. Како се забавуваат во вечерните часови. Поради високите температури во Паркот беше врвулица од граѓани кои излегле во порелаксирана атмосфера да побараат спас подалеку од жешкиот асфалт, бетон…

Најбројни во оваа врвулица од граѓани кои рекреираа, шетаа, се дружеа беа младите. Со ненајавената посета не беа затечени. Беа расположени и подготвени за разговор и одговори на поставените прашања. Пред љубопитните членови на делегацијата покажаа солидно познавање на своите права и обврски во секојдневниот живот. Додека „24 инфо“ ја придружуваше оваа акција не беше регистрирано ниту едно нарушување на јавниот ред и мир.

П

Треба да знаете
Последни објави