(Видео)Роналдо се „расплака“ оти и покрај двата гола за Ал Наср не доби МВП признание!

Португалецот Кристијано Роналдо, кој на залезот од својата кариера одлучи да се пресели во Саудиска Арабија, уште еднаш ја покажа својата желба за собирање признанија. Откако со два гола беше најзаслужен за триумфот на неговиот тим Ал Наср во продолженија го совлада Ал Хилал (2:1) во финалето од Арапскиот куп на шампионите, ветеранот остана без трофејот МЦП на мечот. Тоа го погоди и неможеше да го сокрие со своите рекации.

По освоениот прв торфеј од пристигнувањето во Саудиска Арабија, во чие освојување имаше огромен удел како двоен стрелец, тој наместо да се радува се „расплака“ барајќи правда кај организаторот. Противникот поведе преку Мичел во 51. минута, додека Роналдо прво изедначи во 74. минута, за потоа да го постигне и победничкиот гол во осмата минута од првото продолжение.

Организаторот реши МВП-признанието да заврши во рацете на Србинот од таборот на Ал Хилал, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Треба да знаете
Последни објави