Skip to main content
Свет

Кисела Вода добива нова полициска станица

13/12/2024  14:06

Градоначалникот на општина Кисела Вода на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека општината ќе добие нова полициска станица. Според Ѓорѓиевски ова би значело побрза и поефективна реакција на полицијата во ситуации кога е загрозена безбедноста на жителите, како и зголемена присутност на полицијата на терен.

„Во новиот објект ќе има и административни служби за вадење на документи, а предложеното решение ќе ги растерети и постојните полициски станици „Беко“ и „Пролет“. Проблемите со недостаток на простор и ограничен паркинг, кои се особено изразени во овие станици, ќе бидат значително олеснети со реализацијата на новата станица во Кисела Вода. Го информирав министерот дека ние, како општина сме во завршна фаза со подготовката на потребната проектна документација и заеднички ги дискутиравме оперативните и техничките детали, како и следните чекори за реализација. Верувам дека со оваа соработка ќе успееме да реализираме еден значаен проект што ќе донесе долгорочни придобивки за граѓаните“, напиша Ѓорѓиевски.