Чави за враќањето на Нејмар во Барселона: Ништо не зависи од мене

 Тренерот на актуелниот шпански фудбалски првак Барселона, Чави се произнесе за можното враќање на напаѓачот на ПСЖ, Нејмар во тимот од „Камп Ноу“.

-Овде ништо не зависи од мене. Минатата година веќе спомнав име на играч од друг клуб и тие се налутија. Да видиме што ќе се случи пред да се затвори преодниот рок, изјави Чави за „Marca“.

Нејмар во 2017 година се пресели од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра. Оттогаш одигра 173 натпревари, постигна 118 голови и 77 асистенции.

За Нејмар се сериозно се заинтересирани и клубови од Саудиска Арабија.

Треба да знаете
Последни објави