Сè уште нема понуда за продолжување на договорот на Симеоне

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне нема добиена понуда за продолжување на договорот. Актуелниот договор му истекува летото 2024 година.

-Нема брзање. Ако Мигел (извршен директор на Атлетико Мадрид Мигел Анхел Гил Марин) мисли дека тоа е добро за клубот, ќе почнеме да зборуваме за договорот. А ако не, не грижете се, сезоната е долга, да уживаме во неа најдобро што можеме. Не размислувам за ништо друго. Може ли да го замислам животот по Атлетико Мадрид? Не, затоа што тоа би ме оддалечило од местото каде што сум во моментов. Тешко е да се фокусирам на тоа што би ми се случило да не сум тука, изјави Симеоне за „АС“.

Претходно беше објавено дека раководството на Атлетико одлучило да го продолжи договорот со Симеоне. Клубот планира да го продолжи договорот до 2026 година.

Педесет и тригодишниот фудбалски стручњак во мадридскиот тим е од 2011 година.

Треба да знаете
Последни објави