Струга ТЛ во Подгорица нема да ја брани победата од Охрид

Во пресрет на вечерашниот реванш фудбалски натпревар од 2. квалификациско коло во Конференциската лига меѓу црногорскиот тим Будуќност од Подгорица и Струга ТЛ, од таборот на македонскиот првак порачуваат дека нема да ја бранат предноста од еден гол која ја имаат по првите 90 минути одиграни изминатат недела во Охрид. Стружани трпеливо ќе ја чекаат својата шанса и се надеваат дека ќе успеаат во својата цел. Средбата се игра вечерва со почеток во 21 часот во Подгорица.

-Очекувам добар настап на Струга ТЛ во Подгорица, како што беше тоа на минатите три средби ова лето во Европа. Имаме позитива благодарение на победата од 1:0 од првиот меч кој се одигра во Охрид, но не се опуштаме. Ова е друг натпревар, ова се нови 90 минути, мораме да бидеме фокусирани на настаните кои не очекуваат на теренот. Не смееме да мислиме на тие 1:0 од Охрид, вели пред реваншот Шпетим Дуро, тренерот на стружани.

Треба да знаете
Последни објави