Барселона ја тресеше мрежата, Реал рамките од голот

Шпанското „Ел класико“ кое Реал Мадрид и Барселона во подготвителниот период за новата сезона го одиграа во американскиот град Далас изобилуваше со се што го одбележува фудбалот, а на крајот се радуваа на убедлив триумф Каталонците (3:0). Голови, пенал, греди, диреци, грешки, остри стртови имаа можност да проследае љубителите на фудбалот рано изутринава во Америка.

Реал беше претплатен да ги погодува рамките од голот, дури петпати, а Барселона да ја тресе мрежата, трипати. По само 15. минута игра Дембеле ја затресе мрежата на „кралевите“ . Само пет минути подоцна Реал Мадрид од пенал можеше да изедначи, но Винисиус ја погоди пречката.

Вториот гол падна во 85. минута, Марин со фантастичен гол од далечина го зголеми водството.

Во судиското продолжение реализираше и Феран Торес за конечна победа на Барселона од 3:0.

Треба да знаете
Последни објави