Објавен е тендер за изградба на 10,5 километри од автопатската делница Скопје-Блаце, со кој се упатува покана за претквалификација за изведувач на активностите од втората фаза.
Повикот е отворен до 21 август годинава.
Објавата е достапна на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој, од која за проектот е обезбеден заем во износ од 167 милиони евра, а 20,8 милиони евра грант се на располагање преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.
![](https://new.mia.mk/articles/images/%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D1%80%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%B2%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%84%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%84%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98nWRjw/uFdhdLV3n/large.webp?use_watermark=0)
Автопатот Скопје-Блаце е во вкупна должина од 12,5 километри, а од мај 2020 година на терен се одвиваат активности за првата фаза, во должина од 2,5 километри.