Неизвесна судбината и на македонските продавници „Дормео“

Германската компанија „Матратцен Конкорд“, кој е во сопственост на кинески бизнисмен, ја купи компанијата за малопродажба Студио Модерна, која беше во сопственост на познатиот основач на „Дормео“ Санди Чешко. Информацијата ја потврди словенечки бизнисмен кој додаде дека купец е германска компанија која тргува со мандраги.

Според српските медиуми, на продавниците на „Дормео“ низ Белград веќе е ставен катанец.

Дормео и останатите брендови на словенечкиот бизнисмен беа популарни и во Македонија. Дормео има неколку продавници во Скопје и тоа во сите поголеми молови, како и во ГТЦ и на улица Македонија. Продавници има и во Штип, Битола, Струмица, Тетово и Свети Николе.

Дормео беш прогласена и за е-продавница на годината.

Поради финсиските проблеми, словенечкиот бизнисмен кон средината на мај ги продаде брендовите Дормео, Делимано, Ровус и Топ Шоп на швајцарската компанија Дормео на претприемачот Дарко Хорват, а сега на ред дојде и малопродажбата. Останатите делови на Студио Модерна според изјавата на Чешко за словенечки медиуми, се уште се реструктуираат.

Инаку, империјата на Чешко која се градеше и развиваше од 1992 година прераснувајќи во интернационален бизнис и водечки синџир за малопродажба во повеќе канали во Централна и Источна Европа, присутен во 19 земја со вкупен досег од 160 милиони потенцијални купувачи, почна да се распаѓа како куќа од карти во 2019 година, по избувнувањето на пандемијата на коронавирус. Потоа, во 2022 година, на компанијата на словенечкиот бизнисмен ѝ беше зададен последниот удар од руската агресија врз Украина.

Треба да знаете
Последни објави