Средба Османи – Валтонен во Вилнус: ОБСЕ треба да се поддржи и понатаму да се грижи за стабилноста и безбедност во Европа

Министерот за надворешни работи и Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи оствари средба со министерката за надворешни работи на Финска, Елина Валтонен, во рамки на Самитот на НАТО во Вилнус. 

 Во фокус на разговорот Османи-Валтонен беше соработката помеѓу Северна Македонија и Финска во рамки на ОБСЕ, со посебен фокус на активностите и предизвиците со кои се соочува Претседателството и заедничкото учество во рамките на ОБСЕ Тројката.   Изразувајќи задоволство од соработката, Министрите разменија мислење за активностите и начините на кои се спроведуваат приоритетите на актуелното Претседавање со Организацијата, како и подготовките, активностите и начините на кои ќе функционира организацијата сѐ до преземањето на претседателството од страна на Финска.

 Османи посебен фокус посвети на последната иницијатива што како Претседавач со ОБСЕ неодамна ја претстави – формирањето нов Охрид Центар за мир и медијација како нова алатка во рамките на ОБСЕ, која треба да ја зајакне улогата на Организацијата во промоцијата на културата на дијалог, политиките на помирувањето, компромисот итн. Османи и Валтонен, покрај за активностите во ОБСЕ во рамки на Претседавањето на Северна Македонија во 2023 година, разговарале и за предизвиците поврзани со други важни прашања за функционирањето на Организацијата како и за начините за нивно решавање.

 Соговорниците изразија задоволство од досегашната улога на ОБСЕ во обезбедувањето на долгорочна стабилност и безбедност во Европа, потенцирајќи дека е потребно да се вложат дополнителни политички напори Организацијата да ја задржи оваа улога и во иднина.

Треба да знаете
Последни објави