СДСМ: ДПМНЕ создаде хаос со ѓубре во Скопје, Мицкоски да си ги повика неговите кадри да го исчистат, заедно со Арсовска и Мазнева

Неспособната локална власт на ДПМНЕ создаде хаос со ѓубре во Скопје.

Кога Мицкоски бараше гласови од граѓаните за ДПМНЕ заедно со неговата Арсовска ветуваа модерно Скопје но скопјани добија загаден, нечист и нефункционален град.

Вперувањето прст кон некој друг не може да го спаси Мицкоски од одговорност. Лично тој славаше со Арсовска пред Белата палата на денот на изборите, ДПМНЕ го има мнозинството во советот, управните одбори се сите во рацете на ДПМНЕ. 

Дури и Мазнева е негов кадар, поранешна пратеничка на ДПМНЕ која на директорското место дојде од кабинетот на Мицкоски каде што беше советничка.

Наместо да бега, Мицкоски да си ги повика неговите кадри да го соберат ѓубрето во Скопје, да го решат проблемот.

Скопјани ова не го заслужуваат.

Со чистење на ѓубре Мицкоски и ДПМНЕ не можат да се снајдат а не со нешто повеќе.

Каков развој, каква модернизација, Скопје е заглавен град во хаос и тоа е секогаш кога ДПМНЕ ќе добие шанса да води локална власт.

Неработа, неспособност, раце во медот, тоа се одликите на ДПМНЕ и Мицкоски.  

А за тендери видовме како се караат по телевизии за рацете во медот.

Треба да знаете
Последни објави