ОН: Русија од почетокот на инвазијата врз Украина привела над 800 цивили, од кои 77 се егзекутирани

Набљудувачката мисија на Обединети нации во Украина денеска соопшти дека Русија привела повеќе од 800 цивили од почетокот на конфликтот во февруари минатата година, од кои 77 биле егзекутирани.

Во извештајот на Мисијата на ОН се наведува дека и Украина исто така го прекршила меѓународното право со произволно приведување цивили, но во многу помал обем.

Идентификувани се модели на однесување што резултираа со произволно притворање, како и дополнителни прекршувања на човековите права, вклучително тортура, малтретирање и присилно исчезнување, се наведува во извештајот.

Во документот на ОН се посочува и дека руските притвори се случиле во двете земји. 

Треба да знаете
Последни објави