Русија не е воена закана на Балканот, но сака нестабилен регион

Американскиот амбасадор во БиХ, Мајкл Марфи, оцени дека Русија во моментот не планира да ја загрози стабилноста на Западен Балкан со нешто како воена интервенција, но сепак претставува закана што треба сериозно да се третира.

Во интервју за „Ал џезира Балканс“ амбасадорот Марфи рече дека е јасно оти Русија ги поддржува екстремистичките десничарски групи во регионот што шират етничка омраза и ги зголемуваат тензиите, а сето тоа е дел од сценариото во кое рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја уништи безбедносната архитектура во Европа.

Знаеме дека Русија финансира некои политичари (од регионот), вклучително и оние од Босна и Херцеговина, рече американскиот амбасадор додавајќи дека сите мора да бидат внимателни и подготвени да му се спротивстават на малигното руско влијание.

Треба да знаете
Последни објави