„На 10.12.2024 во 11.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Студеничани, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Б.(51) од с.Студеничани, удрило во Н.З.(54) од с.Студеничани, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Според пријавеното, претходно Н.З. му помогнал на Ш.Б. со трактор да го извлечат од кал товарното возило, а откако го сториле тоа слегол да ја откачи сајлата, но Ш.Б. не го забележал тоа и продолжил да се движи наназад и со возилото го удрил Н.З.“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.