Skip to main content
Хроника

Ужас во Куманово: Татко ја полил собата со запалива течност и се заканувал дека ќе ја запали ќерката

27/11/2026  15:34

Маж од Куманово се заканувал дека ќе ги запали сопствената ќерка и семејната куќа, а според полициските информации, со запалива течност полил и една од собите во домот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 19 ноември 2026 година во семејната куќа, каде што пријавениот ја навредувал својата ќерка и ѝ упатувал закани.

Ситуацијата ескалирала кога мажот, според пријавата, со запалива течност ја полил собата и се заканил дека ќе ги запали ќерката и семејниот дом.

По документирањето на случајот, кумановската полиција поднела кривична пријава против осомничениот.

Во доставените информации нема детали дали на девојката и е обезбедена дополнителна институционална заштита и дали против осомничениот се преземени други мерки.