Skip to main content
Хроника

Хорор во Охрид: Пожарникари евакуираа станари, осум лица пренесени во болница

27/11/2026  15:30

Осум лица завршија во Општата болница во Охрид по пожар што избувнал во стан на улицата „Гоце Делчев“, во охридската населба Даљан.

Според информациите од Територијалната противпожарна единица Охрид, лицата биле хоспитализирани поради повреди и отежнато дишење предизвикано од вдишување чад.

На местото на настанот интервенирале противпожарни екипи, кои презеле мерки за локализирање и гаснење на огнот, како и за безбедна евакуација на станарите.

Од охридската противпожарна единица информираат дека благодарение на брзата и ефикасна интервенција на пожарникарите била спречена поголема катастрофа.

Сите осум лица биле пренесени во Општата болница во Охрид, каде што им била укажана медицинска помош.

Од противпожарната единица им посакаа брзо закрепнување на повредените.