
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Пријавениот Ф.К., на работно место полициски службеник во Полициска станица од општа надлежност Кисела Вода при СВР Скопје, на 28.10.2026 на ул.„Ленинова“ во Скопје бил затекнат како управува патничко моторно возило „сеат ексео“ без положен возачки испит.
Одделот за внатрешна контрола против пријавениот Ф.К. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.



