
Форумот за образовни промени бил цел на организирани напади на социјалните мрежи откако поднел тужба против Министерството за образование и наука, обвини Бленди Ходаи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.
„Видовте прво како на организиран начин ботовите од Белата палата почнаа да нè напаѓаат во однос на тоа што ние го туживме Министерството за образование и наука“, изјави Ходаи.
Тој рече дека Форумот решил прашањето за почитувањето на законот да го постави пред судот, по јавните полемики што се водеа преку медиумите.
„Ние немаме веќе енергија да се занимаваме со кавги преку медиуми, дали да го почитува некој законот или не. Уморни сме од тоа“, рече Ходаи.
Според него, нападите на социјалните мрежи почнале по поднесувањето на тужбата, а во кампањата, како што тврди, се вклучиле и одредени телевизии.



