Skip to main content
Македонија

Ходаи: Пратениците земаат плата над 2.000 евра, а дел од нив носат евтина храна од Собранието и дома

26/11/2026  20:26

Дел од пратениците бараат храната што ја купуваат по повластени цени во собранискиот ресторан да им биде спакувана за да ја однесат дома за семејството, тврди Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

„Имаме информација дека понекогаш бараат храната да се спакува и за дома, затоа што знаат дека со цените што ги имаме моментално во државата, во супермаркетите и рестораните, многу е скапо да се храни семејството“, изјави Ходаи.

Тој оцени дека ваквото однесување е поразително со оглед на примањата на пратениците и трошоците со кои се соочуваат граѓаните.

„Тоа е многу поразително, затоа што зборуваме за пратеници кои треба да бидат претставници на граѓаните, треба да ги кажат маките на граѓаните, додека тие немаат допир со реалноста“, додаде Ходаи.