Skip to main content
Економија

Студентите ќе добијат најмалку 20% попусти преку апликацијата „М-услуги“

24/11/2026  13:36

Студентите ќе добијат нова можност за намалување на трошоците за живот преку студентска картичка со најмалку 20 проценти попусти за различни производи и услуги. Мерката ја најави премиерот Христијан Мицкоски, како дел од пакетот за подобрување на студентскиот стандард.

Картичката ќе биде интегрирана во апликацијата „М-услуги“, а нејзината подготовка се реализира во координација со Генералниот секретаријат, Министерството за образование, Министерството за финансии и Министерството за дигитална трансформација.

Намерата е студентите да добијат поширок опфат на поволности, кои нема да се однесуваат само на субвенционираниот оброк, туку и на други производи и услуги. Според најавата на премиерот, дополнителните поволности ќе можат да се користат и откако ќе се искористат месечните средства за студентскиот оброк, односно до почетокот на следниот месец.
Овој модел треба да овозможи студентите со истите расположливи средства да добијат поголема вредност преку намалување на цените на услугите и производите кај вклучените оператори.

Со дигиталното решение се отвора можност за поедноставно користење на поволностите и вклучување поголем број даватели на услуги.

Владата со оваа мерка најавува проширување на досегашниот модел на студентска поддршка, со фокус не само на исхраната, туку и на пошироките потреби на студентите.