Skip to main content
Свет

Унгарија најави повлекување на ветото за преговорите на Украина со ЕУ

20/11/2026  08:04

Унгарија се очекува денеска да ја повлече блокадата за отворање на последните два кластери во пристапните преговори на Украина со Европската Унија. Потегот би овозможил напредок и за Молдавија, чиј преговарачки процес е поврзан со украинскиот, јавуваат европските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори.

Промената доаѓа по договорот меѓу Киев и Будимпешта за правата на унгарското малцинство во западна Украина. Односите меѓу двете земји почнаа да се подобруваат по доаѓањето на Петер Маѓар на власт, а четири од шесте преговарачки кластери веќе се отворени.

Повлекувањето на унгарското противење, сепак, не значи автоматско отворање на кластерите. Потребно е земјите членки да усвојат заедничка преговарачка позиција, по што формалното отворање се спроведува на меѓувладина конференција. Според дипломатските очекувања, сите шест кластери би можеле да бидат отворени до декември.

Потоа Украина и Молдавија ќе треба да ги исполнуваат условите за затворање на поглавјата, особено во владеењето на правото и борбата против корупцијата. Отворањето на кластерите е чекор напред во преговорите, но не претставува гаранција за членство.