
Пожар вечерва избувнал во трговскиот центар „КАМ мол“ во скопската населба Ѓорче Петров, откако автомобил се запалил во подземниот паркинг. Сите посетители на трговскиот центар се евакуирани.
Од системот за вентилација на објектот излегува густ чад, а пожарот го гаснат припадници на Противпожарната бригада на Град Скопје.
Полицијата го обезбедува местото, каде што се собрале голем број луѓе.
Засега нема информации што го предизвикало пожарот, ниту дали има повредени.

