Skip to main content
Македонија

Системот ги имал законите, но некој не постапувал според нив – Наунов за трагедијата во Кочани

18/11/2026  20:52

Повеќе од една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Александар Наунов, татко на дете кое загина во пожарот, прашува дали државата извлекла поука и што се променило во работењето на институциите. Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, тој изрази разочарување од институциите и побара одговорност од оние што биле должни да ги спроведуваат законите.

Според Наунов, единствената позначајна законска промена по трагедијата е забраната за употреба на пиротехника во затворени објекти. Тој оцени дека проблемот и пред пожарот бил во примената на прописите.

„Тоа е доказ дека сме имале добри закони, но не се спроведувале. Системот ги имал законите, но некој не постапувал според нив“, нагласи Наунов.

Тој порача дека промените ќе се видат во тоа како институциите ги спроведуваат законите во пракса. Побара да се утврди кој имал обврска да постапи и дали ја исполнил таа обврска.