Skip to main content
Свет

Јужна Кореја свика итен состанок поради можни безбедносни пропусти во „JavaScript“

18/11/2026  11:52

Претседателството на Јужна Кореја денеска свика итен состанок на претставници на надлежните државни институции за да разговараат за превентивни мерки против можни безбедносни пропусти поврзани со програмскиот јазик „JavaScript“.

На состанокот учествувале претставници на армијата, Министерството за наука и информатички и комуникациски технологии, како и агенциите за финансиски надзор. Биле разгледани мерки што треба да се применат во јавниот и приватниот сектор, како и во вооружените сили.

Експерт за кибер-безбедност изјави дека некои од најпосетуваните веб-страници во светот, меѓу кои и платформата за видеоконференции „Зум“ (Zoom), банкарскиот гигант ХСБЦ (HSBC) и телевизијата „Си-Ен-Ен“ (CNN), биле компромитирани со помош на злонамерен „JavaScript“, во обид за кражба на криптовалути и инфицирање уреди од моделот „Ајфон“ (iPhone).

Злонамерната скрипта, исто така, се обидувала да ги украде податоците од платежните картички при нивното внесување од страна на корисниците и да ги искористи софтверските ранливости за напади врз уредите со оперативниот систем на „Ејпл“ (Apple).