Skip to main content
Балкан

Загина пилот при пад на воен „МиГ-29“ во Србија, формирани комисии за истрага

17/11/2026  11:52

Пилотот мајор Горан Булајиќ загина утрово при пад на авион „МиГ-29“ на Војската на Србија во околината на Стара Пазова, соопшти српското Министерство за одбрана.

Несреќата се случила околу 8:45 часот. Авионот бил во состав на 204. воздухопловна бригада, стационирана на воениот аеродром во Батајница. Според првичните информации, леталото паднало на нива меѓу Нова и Стара Пазова.

На местото излегла воената полиција, а за настанот е известен надлежниот обвинител.

Министерството информира дека се формирани две комисии. Едната ќе ги испитува околностите на несреќата и евентуалната одговорност во воената организација, додека стручна комисија на военото воздухопловство треба да ги утврди причините за падот.

Мајор Булајиќ бил роден во Белград во 1973 година, а во воена служба бил од 1996 година. Зад себе оставил две деца.

Претставници на Министерството за одбрана и Генералштабот упатиле сочувство до неговото семејство. Причината за несреќата засега не е соопштен