Skip to main content
Македонија

Сончев вторник со температури до 20 степени, од утре локален дожд

17/11/2026  08:37

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој наместа во западните делови ќе биде повремено засилен.

Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 13 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 7 степени, а дневната ќе достигне 17 степени.

За утре се најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој во западните делови наместа ќе биде повремено силен. Дневните температури ќе се движат од 15 до 21 степен, над просекот за овој период од годината.