
СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Е.(28) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Пријавената, запоставувајќи ја својата родителска должност за грижа и воспитување, ги присилувала на работа нејзините две малолетни деца, што не одговара на нивната возраст и физичка сила и воедно ги наведувала на питачење.



