Skip to main content
Хроника

Претреси во Неготино и неготинско, пронајдена дрога, уапсени две лица

16/11/2026  11:16

На 15.11.2026 во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Д.Д.(45) од село Дуброво, неготинско и Б.М.(26) од Неготино. По издадени судски наредби од Основен суд Кавадарци, биле извршени претреси во нивните домови и помошни простории, при што во домот на Д.Д. била пронајдена и одземена марихуана, а во домот на Б.М. биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, пари и ризли.

Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.