Променливо време до среда

Утре ќе преовладува посончево време, попладне само на места со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Потоа до среда ќе биде променливо облачно, во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Од среда ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата за неколку степени.

Треба да знаете
Последни објави