Skip to main content
Економија

СДСМ: Според ММФ Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

14/11/2026  08:52

Соопштение за јавност на СДСМ:

Македонија е рангирана на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот БДП по жител за 2026 година. 

На врвот на листата се Лихтенштајн, Луксембург и Ирска.

Според проекциите на ММФ, БДП по жител во Македонија ќе изнесува 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија со 17.126 долари, Црна Гора со 16.211 долари и Албанија со 13.968 долари. Босна и Херцеговина е на 43. место. 

Разликата со најбогатите европски економии останува огромна – Германија има повеќе од пет пати повисок БДП по жител.

Ова е реалната состојба на економијата. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите. 

Реалноста е 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки.

Мицкоски самиот кажа дека пари во буџетот нема ни за избори, затоа што државата би банкротирала. 

Сега на граѓаните им е јасно во каква состојба е економијата во земјата и сè она што СДСМ го зборува последната година.

Мицкоски се бори само за своите криминални тендери и за својот профит како шеф на организираната криминална група што ќе ја осиромаши земјата во целост. 

Единственото што сеуште се плаши е да ги сокрие податоците од Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ. Зошто? Затоа што Мацура е нивниот личен банкар. 

Пари во буџетот нема, но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.